Сервер: Договорот меѓу Македонија и Грција е голем исчекор за целиот Балкан

Од:

Политичкиот аналитичар Даниел Сервер смета дека договорот што Македонија го потпиша со Грција не е само голем исчекор напред за двете земји туку и за целиот Балкан, јави дописникот на МИА од Вашинтон.

Во изјава за МИА Сервер укажа дека ако договорот помине и во двата парламента и на референдумот во Македонија „тоа ќе ја подобри стабилноста и ќе го направи регионот попривлечен за странски инвеститори“.

– Останаа уште две битни прашања поврзани со војната и мирот на Балканот, тоа е нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина и напорите да се создаде функционална држава во Босна. Вие сте многу поблиску до крајот на процесот за воспоставување мир во регионот отколку што се на неговиот почеток, истакна Сервер.

Даниел Сервер е професор на уноверзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон. Тој е поранешен американски претставник во Босна во улога на медијатор помеѓу Хрватите и Босанците во преговорите за Дејтонскиот мировен договор. Во моментот ја предводи програмата за менаџирање конфликти на универзитетот и во последниве години беше доста критичен спрема ЕУ и повикуваше забрзување на процесот на евроинтеграција на земјите како Македонија, Босна и Косово.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска