Сертификати за згрижувачи во рамки на кампањата „На секое дете му треба семејство“

Од:

Во рамки на проектот „На секое дете му треба семејство“ денеска во Скопје ќе бидат доделени сертификати за успешно завршена обука за згрижувачи PRIDE, како дел од завршниот настан на оваа кампања за згрижување деца без родители и родителска грижа. На настанот ќе се дебатира за PRIDE методологијата и придобивките од неа, за деинститунационализацијата како можност за промена на социјалните услуги по мера на системот во социјални услуги по мера на корисниците, за потребата и правото на секое дете да расте во семејство, а ќе има и сведоштва и искуства на згрижувачи.

Проектот беше имплементиран од СОС Детско село Македонија, УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика. Кампањата „На секое дете му треба семејство“ почна на 1 јуни годинава.

– Македонија има потенцијал за давање на љубов. Имаме семејства кои ги пораснале своите деца и тие можат да станат згрижувачи и споделат љубов со децата што денеска живеат во институции, рече тогаш министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Таа посочи дека оваа кампања значи многу за Македонија и има за цел да се обезбеди семејство за секое дете во државата.

– Институциите за жал не се добра форма за децата да растат внатре. Секое дете треба да расте во семејство или најблиску до топлината на едно семејство, затоа што само така ние ќе го искористиме максималниот потенцијал на сите деца во нашата држава, изјави Царовска.

Таа ги повика сите граѓани што имаат љубов да ја споделат и да придонесат во системот на социјална заштита, да се регистрираат како згрижувачи и да поминат обука, да добијат дете и за него да се грижат додека тоа не порасне, бидејќи како што рече, таа љубов секогаш се враќа.

Во текот на два месеци по почетокот на кампањата беа организирани отворени денови во 30 градови преку центрите за социјална работа и СОС Детско село, за да им се даде на граѓаните низ целата земја можност да дознаат повеќе и да станат згрижувачки семејства.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село: „Да ги пренесеме најважните семејни вредности за децата во кумската куќа“

A1on

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа