Серија земјотреси во околината на Тетово и Гостивар

Од:

Земјотрес со интензитет од 2,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во една минута пред полноќ во околината на Тетово и на Гостивар.

-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, на 13.03.2021 година во 23 часот и 59 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 65 километри југозападно од Скоpje и со локална Рихтерова магнитуда ML2.9, соопшти синоќа Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци овој земјотрес бил почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

На страницата на Европскиот макросеизмички центар се објавени три земјотреси од кои првиот бил на една минута пред полноќ (2,9), вториот половина час подоцна (3,2) и третиот пет минути пред 1 часот (2,5 степени) во истото подрачје.

Би можело да ве интересира

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија, епицентарот во Грција

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција

Земјотрес почувствуван во државава, епицентарот во Грција

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот