СЕММ: Ниту една влада не треба да одлучува во име на медиумите

Од:

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во пресрет на најавените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, денеска соопшти дека цврсто останува на ставот дека е потребно да се елиминира какво било влијание на државата врз процесот на саморегулација во медиумите.

Во соопштението на СЕММ, се наведува дека ефикасното функционирање на саморегулацијата во медиумите исклучува каков било облик на сместување на професионалните новинарски стандарди во законската рамка и воведување санкции кон медиумите за нивното непочитување.

– Кога станува збор за етичкото и професионално известување ниту една влада и политичка партија не треба да одлучуваат во име на медиумите. Во таа насока, СЕММ се спротивставува на Предлог -измените на членот 61 во Нацрт-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој се однесува на начелата и стандардите во работата на радиодифузерите, како и на измените во член 145 со кои се предлага изрекување казни доколку професионалните стандарди не се почитуваат, се наведува во соопштението.

Во околности во кои саморегулацијата во медиумите во државата постепено започна да се прифаќа и се повеќе да се поддржува работата на Советот за етика во медиумите, се посочува во текстот, поставувањето какви било препреки од страна на Владата на тој пат и маргинализирањето на работата на Советот ќе резултира со намалување на одговорноста кај самите медиуми и поддршка на праксата на цензура и самоцензура.

Поздравувајќи ги неодамна искажаните заложби на Владата за силно охрабрување на системот на медиумска саморегулација, СЕММ потсетува дека на саморегулацијата не треба да и се дава второстепено значење, туку да биде еден од приоритетите во постигнувањето промени и реформи во работата на медиумите.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време