СЕММ и ЗНМ: Строго почитување на Кодексот во известувањето за Украина

Од:

Советот за етика во медиумите и Здружението на новинари на Македонија, по почетокот на воените дејствија во Украина, ги повикуваат медиумите да информираат со максимална одговорност и професионалност, без да придонесуваат во ширењето шпекулации и невистини во јавноста.

„Од медиумите очекуваме строго придржување кон Кодексот на новинарите, објективност и максимална проверка на изворите, а информациите што се пласираат на социјалните мрежи да се употребуваат со особена внимателност.

Потсетуваме дека медиумите во ниту еден случај не смеат да бидат злоупотребени за да се шири радикален и потпалувачки говор, воен триумфализам и говор на омраза.

До уредниците упатуваме препорака особено да внимаваат околу објавувањето на фогографии и снимки од повредени или загинати, имајќи предвид дека се работи за сензитивен материјал со вознемирувачка содржина, кој може да допре ранливи категории на граѓани и малолетни лица.

Ги повикуваме граѓаните кои ќе забележат непрофесионално новинарско известување веднаш да реагираат до СЕММ со поднесување на претставка против медиумот на следниов линк: https://complaints.semm.mk/ “, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада