Семинар за наводите за повреди на човекови права

Од:

„Јакнење на координацијата во борбата против неказнивоста во врска со наводите за повреди на човековите права и несоодветното полициско постапување“ е темата на семинарот што ќе се одржи денеска во Струмица во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

На семинарот ќе биде презентирана праксата на Европскиот суд за човекови права, европските стандарди и најдобрите практики за сузбивање на неказнивоста во врска со наводите за повредите на човековите права и несоодветното полициско постапување.

На отворањето на семинарот ќе се обратат помошник-министерот и раководител на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, Анета Станчевска и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска.

Излагања поврзани со темата ќе имаат судијата на ЕСЧП од Австрија, Елизабет Штајнер, инспекторот од Кривично-правниот инспекторат на Северна Ирска, Вилијам Присли, претседателката на Врховниот суд на Република Македонија, Лидија Неделкова,   судијата на ЕСЧП од Македонија, Мирјана Лазарова-Трајковска, заменик народниот правобранител, Славчо Тимов, извршниот директор на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска и членот на Европскиот комитет за превенција на тортура, Ивона Тодорoва.

Семинарот е организиран во  соработка и со финансиска поддршка на проектот – заедничка програма на ЕУ и Советот на Европа за „Јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ