Семинар за историјата на Евреите по 20. век

Од:

Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со историскиот институт Центропа од Австрија, организираат дводневен меѓународен едукативен семинар на тема „Историјата на Евреите по 20-тиот век, дигитално раскажување на приказни и социјални медиуми“.

На семинарот, кој ќе се одржи денеска и утре во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, ќе учествуваат 70 наставници по историја, граѓанско образование, етика во религиите, запознавање со религиите, македонски и англиски јазик од Република Македонија, како и едукатори од Република Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и Австрија.

Свои обраќања пред присутните ќе имаат и амбасадорот на Австрија, Томас Михаел Баиер и амбасадорот на Германија, Гудрун Штајнакер.

Едукативниот семинар е поддржан од Министерството за образование и наука на Република Македонија, Claims Conference, International Holocaust Remembrance Alliance, The Balkan Trust fot Democracy, Амбасадата на Република Австрија и Амбасадата на Соединтетите американски држави.

Би можело да ве интересира

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Одбележување на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи

Ана Ололовска

Македонија стана полноправна членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот

А1он

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија изработи 10 тактилни слики за лицата со попречености

А1он

Пендаровски: Да се сеќаваме на вистината за холокаустот, за никогаш да не се повтори

Жарко Настоски

Владини претставници на комеморациите по повод 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи

Жарко Настоски