Семејството на Нешковски бара Груевски, Мијалков, Јанкуловска и Урко да одговараат за прикривање на информации

Од:

Семејството на Мартин Нешковски поднесе кривична пријава против премиерот Никола Груевски, екс директорот на УБК Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и поранешниот телохранител на премиерот Дејан Митровски-Урко за намерно прикривање информации од значење за убиството 22-годишниот Мартин, со цел да се заштитат себе си и МВР.

Стрикото на Нешковски, Сашо Петревски, денеска пред Јавното обвинителство изјави дека иако нема верба дека ЈО ќе постапи по овие пријави, сепак само тоа му преостанува на семејството за правдата конечно да биде задоволена.

-Поднесовме кривична пријава против Дејан Митровски-Урко затоа што по усна наредба го прераспоредил Игор Спасов, тогаш вработен во МВР и распореден во единица за специјални задачи, на работна позиција „обезбедување на партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ за победата на парламентарните избори во 2011.“ При вршење на службените задачи Игор Спасов го уби Мартин Нешковски.

Второобвинетата Гордана Јанкуловска не изготвила писмена наредба согласно член 154 од Законот за внатрешни работи, и заедно со третообвинетиот и четвртообвиинетиот, Сашо Мијалков и Никола Груевски, во истрагата за убиството свесно и намерно прикривале информации од значење за утврдување на фактичката состојба, со цел да спречат штета во МВР и за себе – изјави Петревски.

Тој додава дека семејството е должно да ја поднесе кривичната пријава, а дека останува на Обвинителството како ќе постапи.

Мартин Нешковски беше убиен на 6-ти јуни 2011 година. Годишнината од неговата смрт ќе биде одбележана со граѓански протест под мотото „Убиство кое не смее да остане во тајност.“ Семејството ги повика граѓаните утре да протестираат со нив на раскрсницата од булеварот „Св. Климент Охридски“ и Илинденска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нешковски: Убијци, убијци – Мора сите да одговараат

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Вуиќ: Вујкото на Мартин Нешковски ја призна вината за студентите да излезат од притвор

Емир Латифовиќ

Во 18 мирен и достоинствен протест пред Влада

Емир Латифовиќ

Основното јавно обвинителство Скопје започна постапка против единаесет лица – учесници во протестите

Емир Латифовиќ

Протести во 9 градови во Македонија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Груевски сакал да ја прими мајката на Нешковски, а неа и се нафрли и ја влечеше полицијата

А1он