[staff name=”Предраг Петровиќ” position=”Автор”][/staff]
Власта, освен што го смести во затвор, сака да му ја одземе и куќата на Љубе Бошкоски.
Агенцијата за управување со одземен имот, вчера на Бошкоски, во зтваорот, му ипратила решение по кое во рок од 5 дена, мора да уплати 30.000 евра, по однос на пресудата за процесот „Кампања“.
Во дописот стои, доколку не ги уплати парите во предвидениот рок, државата ќе пристапи кон конфискација на неговиот имот.
Агенцијата не ја спомнува можноста, оваа сума која ја одреди судот, Бошкоски да ја плати на рати, туку ја бара одеднаш. Доколку се реализира ваквата намера, неговото семејство ќе остане на улица, со оглед дека, проценката на куќата ќе ја врши Агенцијата за одземен имот, односно ќе ја продаде за багателна сума.
Агенцијата во дописот предупредува дека семејството не смее да ја продава куќата, бидејќи тоа ќе се сметало за кривично дело.
И Бошкоски и од неговата партија, уште кога беше уапсен, кажаа дека намерата на власта не е само да го смести во затвор, туку и тотално да го уништи.