Семејството на Јане Ченто нуди 530 илјади евра за тој да се брани од слобода

Од:

В четврток на 18 октомври во Апелациониот суд во Скопје ќе се одржи јавна седница по жалбата на обвинетиот Јане Ченто за да му биде укината мерката притвор, потврдија негови роднини за „Макфакс“. Сестрата на Ченто потврди дека на судот му понудиле гаранција од 530.000 евра за нејзиниот брат да се брани од слобода.

Кривичниот совет на скопска единица претходно му го одби барањето за укинување на притворот на Јане Ченто, претседателот на македонското патриотско здружение „Пере Тошев”. Седницата во скопска Апелација е по барање на Ченто. Неговата адвокатка Валентина Тодоровска, за „Макфакс“ рече дека сè уште нема добиено покана за присуство на седницата.

Ченто е еден од 33 обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, заедно со Митко Чавков, петтемина пратеници од Собранието, организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“, полициски службеници… На рочиштето на 16 октомври, треба да сведочи загрозениот сведок, како еден од 36 сведоци кои ги предложи Обвинителството.

Кривичниот суд во Скопје им ги одбил гаранциите на пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода, па и тие имаат можност да ја обжалат одлуката пред скопска Апелација.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски