ВИДЕО: Семејствата ги пречекаа обвинетите од „Монструм“ кои излегоа од затвор

Од:

Сами Љута вечерва прв излезе од Истражниот затвор „Скопје“, од четворицата обвинети во петкратното убиство кај Смилковско Езеро, откако Врховниот суд денеска ја укина пресудата и го врати предметот на повторно судење во кривичен суд. Пред вратата на затворот во Шуто Оризари го пречекаа роднините и пријателите.

По него од затворот во „Идризово“ излегоа и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Хаки Азири.

Врховниот суд денеска донесе решение со кое обвинетите во случајот „Монструм“, кои беа осудени на доживотни затворски казни, се пуштени да се бранат на слобода.

На обвинетите Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута им се определени други мерки за претпазливост, односно забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, како и двапати неделно јавување пред Основниот суд Скопје 1.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

ВИДЕО: Дисциплинска за полицајците кои ги туркаа новинарите

Кристијан Ландов

Решението Мијалков да биде пуштен од притвор до вечерва ќе биде пратено до „Шутка“

А1он

Приведен крадец во Шутка, украдените премети вратени на сопственикот

А1он