Село Манастирец без вода поради лизгање на земјиште

Од:

Нема вода за пиење во селото Манастирец росоманско поради лизгање на земјиште во местото „Турски рид”, при што е оштетен цевковод во должина од 300 метри, информираше денеска Стојанче Лазов, градоначалник на општина Росоман.

– Лизгањето на земјиштето помеѓу росоманските села Манастирец и Рибарци дојде како последица на обилните дождови во изминатиот период. Сокршени се дел од цевките од цевководот, појасни градначалникот.

Тој соопшти дека во тек е постапка за јавна набавка од итен карактер со која се обезбедуваат црева за водоводот со кој се носи вода за пиење.

– Цревата се веќе порачани, од страна на јавното претпријатие „Комуналец” од нашата општина се работи на ископ на терен и очекувам до крајот на оваа седмица проблемот да биде надминат,нагласи Лазов.

До санирање на дефектот манастирчани со вода за пиење се снабдуваат од селската чешма, а за други потреби на располагање им е технолошката вода од хидромелиоративниот систем „Тиквеш”.

Би можело да ве интересира

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Зголемена потрошувачка на вода, во делови од Скопје рестрикции и намален притисок

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање

А1он