Селмани: Некои наши судии мислат дека се заштитени мечки

Од:

Насер Селмани, претседателот на ЗНМ реагира на соопштенијата на Апелација и на Основниот суд во врска со случајот Кежаровски, во кои тие со најавениот протест и бурните реакции се жалат на притисок врз судството. Селмани го пишува и својот став за реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Еве што напиша претседателот на ЗНМ:

Основниот и Апелациониот суд се жалат на притисок поради најавените протести на новинарите и граѓаните против пресудата за Кежаровски. Што очекуваа тие дека ќе им аплаудираме кога донесуваат вакви апсурдни пресуди, со кои ја кренаа на нозе не само македонска, туку и европска јавност.

На овие судии треба да им стане јасно дека секаде во демократскиот свет се протестира против судски пресуди. Само некои наши судии мислат дека се заштитени мечки. Судската функција е јавна функција, и граѓаните имаат право да изразат јавно незадоволство кон нивната работа и тоа не може да се смета за притисок, туку треба сериозно да ги сватат. Најавениот протест не е притисок, туку охрабрување на судиите да ги издржат и да се ослободат од притисоците на извршната власт.

Зошто овие судови не се пожалија на притисок кога Европската комисија во ланскиот годишен извештај оцени дека во Македонија има селективна правда?!

Довербата на граѓаните во судската власт е сериозно разнишана, за која најмногу придонесуваат одредени неодговорни судии, кои носат такви апсурдни пресуди како што е пресудаата за Кежаровски. Дали Основниот и Апелациониот суд знаат дека според анкетата спроведена во 2013 година од една реномирана невладина организација, над 55 посто од граѓаните не и веруваат на судската власт.

Овој лош рејтинг на судството покажува дека граѓаните не веруваат дека судиите се независни кога одлучуваат по предметите, туку дека на нивните одлуки влијае владата.

Овие судови не убедуваат дека одлучувале согласно устав и закон. Како заборавија да кажат дека судовите треба да судот и врз основа на Европската конвенција за човекови парава и слободи, која има поголема важност дури и од Уставот. Дали знаат дека Обединетите нации, Советот на Европа и Европскиот суд за човекови права во Стразбург не оправдуваат казна затвор за новинар затоа што сметаат дека таа е непропорционална и предизвикува негативен ефект врз слободата на медиумите. Европскиот суд оправдува казна затвор за новинар само кога тие се осудени за говор на омраза и потикнување на насилство. Заштитен сведок не спаѓа во оваа категорија, башка што Кежаровски ни тоа дело го нема сторено.

Има уште еден апсурд во овие соопштенија. Оснвнот суд тврди дека на Кежаровски му е одредена мерка домашен притвор за да биде одбезбеден за време на жалбената постапка и да не ја осуети издржувањето на казната. Дали тоа значи дека Основниот суд претходно знаел дека Апелација ќе ја потврди пресудата. Како можел да знае?!

Своевиден апурд е солидаризирањето на Основиот со Апелациониот суд околу објаснувањето за постапката при одлучување по жалбите и за притисооците вр судот. По некоја логика Основниот треба да биде незадовоелн затоа што Апелација интервенира во казната и со тоа покажува дека згрешиле.

Во целата приказна најинтересна е реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која ги повикува повисоките судски инстанци да ја проверат процедурата за Кежаровски и да и објаснат на јавноста за случајот.

Зошто се почуствуваа повикани да реагираат?! Нели тие немаат врска со пресудата?! Нели судската власт е независна, што сега се загрижи владејачката партија за работата и угледот на судовите? Од каде таков заштитнички инстикт на владечката партија кон судска власт?

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

ЗНМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје: Соработка за унапредување на новинарството

ЗНМ И УНДП ги доделија наградите за новинарски стории за 2023 поврзани со загадувањето на воздухот во земјава

Одговор од Собранието на реакцијата на ЗНМ во врска со вчерашната седница за избор на техничка влада