Селмани: Говорот на омраза не е етичко, туку прашање на законот

Од:

Синоќа во домот на АРМ Струмица се одржа јавна трибина на тема „Улогата на медиумите во борбата против говорот на омраза“. Трибината ја организираше невладината организација „Новус“, а пред присутните зборуваа претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, извршниот директор, Драган Секуловски и регионалниот координатор на ЗНМ за Југоисточниот регион, Ристо Тасев.

Според претседателот на ЗНМ, говорот на омраза не е етичко, туку прашање на законот и негова примена.

-Во Европа говорот на омраза не е слобода на изразување туку е тешко кривично дело за кое одговарате. Слична е и состојбата во Македонија. Во нашиот кривичен законик и во други закони тоа дело е казниво, меѓутоа прашањето е колку нашето законодавство е хармонизирано со европските стандарди и колку нашите институции, пред се обвинителството, па и другите институции, реагираат, го препознаваат и го санкционираат, односно покренуваат соодветни постапки за да го санкционираат. Колку што мене ми е познато, иако обвинителството има законска обрска по службена должност да реагира кога има примери на говор на омраза во медиумите, ниту Советот за радиодифузија, би рекол дека немаат одговорен однос кон ова прашање. Ова е прашање на законот, не е прашање на етика. Говорот на омраза е забранет во една демократска земја, посебно во европска земја, рече Селмани.

Селмани потенцираше дека во македонските медиуми има говор на омраза, но за него се поставува прашањето дали медиумите можат да се обвинат за ширење на говорот на омраза, кога не се слободни.

-Првин треба да се обезбеди поволен амбиент за медиумите за да бидат слободни, да ги ослободиме од стегите на политиката и бизнисот. Затоа медиумите не можат да бидат одговорни за тоа, бидејќи не се слободни, затоа што се под контрола на политиката и таа ги користи само како инструмент за политичка пресметка, за дневно политички пресметки меѓу различни политички актери, рече претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Проектот „Препознавање и борба против говорот на омраза”, на невладината „НОВУС” е финасиран од општина Струмица. На оваа тема ќе се организираат уште две трибини,а ќе се дистрибуираат флаери и рекламен материјал со соодветена содржина за препознавање на говорот на омраза.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода, а МВР да ја информира јавноста за причините за неговото приведување

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

ЗНМ: Oсуда за нападот кон колегата Фуркан Салиу од страна на извршителката Весна Јакимовска

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица