„Стратешката цел на Србија е да има заедничка граница со Грција. Таа воопшто не е заинтересирана за северно Косово. За нив е многу поважна Македонија. Тоа е вистинската причина Македонија да не може да помрдне напред последниве 20 години. Реално, Србите во Македонија се присутни од 1912 година“, изјави во интервју за бугарската агенција „БГнес“ претседателот на ЗНМ Насер Селмани.
Проблемот во Македонија е во фактот што полни 20 години ние се изградивме демократија. 20 години градиме карикатура на институциите кои реално треба да постојат во една вистинска демократска држава, смета Селмани. Според него, веќе 20 години Македонија не е демократска држава и упорно симулира демократија. Но, тоа веќе е видливо за сите и нема како да се сокрие оваа фиктивни игра и лажење на јавноста, а за светот веќе стануваме и смешни, нагласува Селмани.
„Ние немаме реална опозиција, која ќе излезе и ќе каже: Кога ќе дојдеме на власт ќе ја тргнеме контролата на Груевски над медиумите, судовите и парламентот, кој се претвори во Нотариат за предлозите на владата. Еве овие работи граѓаните не ги слушаат од опозицијата во Македонија, рече Селмани и додаде: Опозицијата едноставно вели дајте да го собориме Груевски, но тука се поставува прашањето – Зошто Вие да дојдете на власт? Значи, тoа управување ќе остане на власт се додека не се појави вистинска опозиција, која ќе сака да го реформира овој систем, што не е променет полни 20 години“, рече Селмани.
„Прашањето за Груевски е јасно и ние го гледаме, неговите политички се јасни, ниту сака Македонија да стане дел од Европа ниту да стане членка на НАТО. Но да сме искрени, Македонија и регионот не се во ваква состојба поради Македонија. Имаме неодговорна политика од Грција, таа игра политика од 19 век, и реално како можете да се.. тоа е успешноста на Груевски која ги лови овие двојни стандарди“, рече Селмани.
„Кај Македонците е вграден чипот дека најголем непријател им се Албанците и таа е политиката на Србија што 100 години има работено на тоа. Ако е тоа така, ако Албанците се најголем непријател, тогаш кој ќе ги спаси? Србија. Значи кога Албанците и Македонците во Македонија би се догвориле тогаш српските интереси реално се загрозени“, смета Селмани.
„Македонската елита треба да води, не може Ахмети да се наметне како главен политички фактор во Македонија, ќе кажат зашто кој е овој Албанец да ни кажува каква држава да водиме. Оние што треба да го водат орото се македонската елита“, изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селмани за бугарската агенција „БГнес“.