Селими: „Вистината за ДУИ“ – Објектите изградени со странски донации се срамнети со земја

Од:

Во рамките на прес конференциите организирани во склоп на кампањата „Вистината за ДУИ“, портпаролот на ЈП „Комуанлец“, Миртезан Селими, презентираше денес податоци во врска со злоупотребите направени во времето кога со општината раководеа кадри од партиската структура, а се однесува на ова претпријатие.

Ви ја пренесуваме интегрално:

„Почитувани граѓани покрај другите злоупотреби што се направени во претпријатието, ние денеска ќе ве информираме за злоупотреби кои се направени врз една странска донација, поконкретно се работи за донација од страна на Финска која во соработка со општина Гостивар во изворот на реката Вардар во село Вруток, изградија една куќичка каде според донаторот и општината, а и според проектот се предвидуваше да се изгради Инфо-центар во изворот на реката Вардар, кој ќе служеше за информирање на туристите за биолошката разновидност на општина Гостивар, со цел привлекување туристи и развој на руралниот туризам.

После преземањето на локалната власт од страна на ДУИ, овој објект е срушен не земајќи ја предвид целта за која беше изграден, т.е. развивање на руралниот туризам, исто така и немање на потребен респект кон странските донации кои и така едвај стигнуваат до општина Гостивар.

Вредноста на ова донација според проектот е 25 илјади американски долари, а е срушен без да го добие потребното внимание за целта за која што беше изграден, развивање на руралниот туризам во општина Гостивар. Целта на проектантот била да со овој објект управува јавното претпријатие Комуналец кое ќе вработеше и еден водич кој ќе ги информираше туристите и со изворот на реката Вардар и со биолошката разновидност на овој регион, при што и придобивките од посетите на туристите ќе одеа во контото на претпријатието. Ова е класичен пример на лошо менаџирање со институциите во општината.“

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат