Селекцијата за Спортската академија ќе се врши на отворени терени, дезинфекција на реквизитите по секоја употреба

Од:

Селектирањето на учениците кои сакаат да се запишат во Спортската академија ќе се врши на спортски терени од отворен тип, а терените мора да имаат посебен дел за публика каде ќе бидат распоредени учениците, предвидува Протоколот за спроведување на проверка на способностите за спортски вештини на учениците кои имаат интерес да се запишат на Академијата.

Дел од препораките се и кандидатите задолжително да носат заштитна маска, да има физичко растојание од два метра меѓу спортистите и растојание од пет метра меѓу тренерот и кандидатот. Пред почетокот на тренингот да се направи термален скрининг, а доколку кандидатот има покачена температура, да му се забрани тренинг.

Кандидатите и тренерите на терен треба да дојдат на терен облечени во спортска облека со цел да се избегне користењето на соблекувалните, а движењето на теренот да се одвива по обележани ознаки. Пред влезот да има поставено средство за дезинфекција на рацете, кое задолжително ќе мора да се користи од страна на учениците при влез и излез од теренот и на самиот влез на теренот да има поставено сунѓер за дезинфекција на обувките.

– Пред самиот влез на теренот да биде поставена контролна точка за евидентирање на учениците кои ќе бидат дел од селективните тренинзи. Бидејќи во овој случај физичкото растојание помеѓу лицето кое врши идентификација и ученикот може да биде помало од 2 метри, задолжителна е употребата на лична заштитна опрема (заштитна маска). Пред да пристапат на идентификација, учениците мора да ги дезинфицираат рацете со средство за дезинфекција, кое ќе биде поставено во близина на местото за идентификација. Приемот на кандидатите (нивното присуство и идентификација) ќе се врши од одредени лица на определено и обележано место на влезот на теренот со предвиденото растојание помеѓу кандидатите и задолжените лица за прием. По пријавувањето (идентификацијата), учениците да се упатуваат кон местото за публика, каде што чекаат да бидат повикани за настап од страна на тренерите коишто се на терен, се посочува во Протоколот.

За организирање на целиот процес мора да има редарска служба и да бидат ангажирани минимум двајца редари, а на теренот може да бидат присутни најмногу двајца тренери кои ќе имаат задача да асистираат во одредени ситуации при демонстрирање на одредени елементи. Тие мора да носат лична заштитна опрема, односно маска и ракавици. По секоја измена на терен, тренерите задолжително мора да ги дезинфицираат рацете со средство за дезинфекција.

Реквизитите кои ќе се користат мора да се дезинфицираат по секоја направена измена на ученик на терен, а во демонстрирањето на одредени елементи, на теренот може да има и два ученика во исто време, но не на растојание помало од три метри.

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов