Села: Се надеваме дека ние ќе победиме во војната со коронавирусот, па кога ќе има услови ќе се одржат избори

Од:

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села по лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски посочи дека според него, најважниот дел од политиката е здравјето на граѓаните и кога тоа е опасност, не може да има безбедност.

„Ние донесовме одлука да се одложат изборите кои требаше да се одржат на 12 април. Се договоривме, изборите да се одложат, но треба да се најде начин како тоа ќе се направи. Експертскиот тим кои го познаваат уставното право треба да го најдат начинот како тоа да се направи. Се надеваме дека ние ќе победиме во оваа војна, а кога ќе има услови, ќе се одржат и изборите“, рече Села.

Тој побара од Владата да биде повнимателна со жителите на Дебар и Центар Жупа кои сега се во своите домови, бидејќи таму има хронично болни лица.

Ситуацијата треба да се сфати сериозно, но притоа, апелирам до Владата која е ангажирана за справување со коронавирусот. Има две жаришта, Дебар и Центар Жупа, а Владата треба да биде повнимателна, бидејќи иако има ограничувања, треба да се има во предвид дека има граѓани кои се хронично болни, односно кризните штабови треба да им носат медикаменти кои тие ги земаат. Исто така, треба да се оди во правец со снабдување на храна и сите други потреби“, додаде Села.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Мицкоски: Техничката влада оди во историја, најден компромис за Законот за прекршоци

Касами: Со измените на Изборниот законик до отворени листи и повеќе права за дијаспората

Почна лидерската средба

Катерина Ѓуровски

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата