(ВИДЕО) Села: На 27 април ме убија еднаш, сега ме убиваат повторно

Од:

„Токму во оваа сала се случи убиство. На 27 април речиси ме убија, но се спасив. Сега ме убиваат по втор пат“, рече Зијадин Села.

„Заев рече дека имало потреба од помирување, но јас би рекол нема мир со злосторници. Оние кои мене ме спасуваа се во затвор, а оние што ги отворија вратите на слобода. Каква иронија“, истакна Села.

Според него е срамно тоа што, токму злосторниците се во сала и гласаат, а тие, како што рече, го изготвиле законот за амнестија.

Тој е категорично е против закон за амнестија и смета дека оние кои ги отвориле вратите на Собранието на 27 април, треба да одговараат, а не да се шетаат слободно.

„Ова ли е правна држава, што ја градиме ние“, праша Села.

Затоа, како што нагласи, Алијанса на Албанците нема да биде дел од овој срам.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Има ли Таравари аспирации за претседателски кандидат: Касами го предлага, тој молчи

Лога: Повторно ќе го поднесам Законот за амнестија, овој пат во редовна постапка

Орце Костов

Не помина Законот за амнестија: 17 пратеници гласаа „за“, а 66 „против“

Александар Тодески

Одвај чекам да се потврди кој се грижи за граѓаните, а кој за големите риби, вели Лога пред гласањето за Законот за амнестија

Александар Тодески

Предлог законот за амнестија в четврток на собраниска седница

Адеми: Координаторите на пратенички групи беа запознати со Предлог-законот за амнестија