Села: Локаланата власт да менаџира и со природните ресурси

Од:

Алијансата за Албанците попладнево во селото Крани имаше средба со жителите на Преспа на која беше претставена предизборната програма. На собирот присуствуваа лидерот на Движењето за реформи во ДПА Зијадин Села, носителот на листата во 5. Изборна единица Сурија Рашиди и носителот на листата во 2. Изборна единица Ремзи Мехмеди.

Платформата која ја нуди Алијансата за Албанците, според Села, се базира на неколку столба. Доколку ја добијат власта пред приутните меѓу другото ветија целосна рамноправност меѓу албанците и македонците во Македонија и службен јазик во цела држава да биде и Албанскиот.

– Ќе спроведеме вистинска локална децентрализација, значи локаланата власт да менаџира и со природните ресурси кои ги има таа општина на целата територија, делење на буџетот по локална линија што значи над 50 отсто од ДДВ-то кои локалните граѓани го плаќаат да останат во локалната власт. Значи поразлично од она досега, да не чека локалната власт колку буџет ќе и пушти Владата, туку Владата, министерствата и Собранието да се финансираат од локалната власт колку што е потребно, а даноците да останат на локално ниво, рече претседателот на Движењето за реформи во ДПА Села.

Во нивната програма, како што подвлече, е и земјоделието и откупот на јаболката.

– Кога Алијансата за Албанците би имала власт ќе бидат откупени не само јаболката, туку и сите други земјоделски производи, а потоа државата ќе презема мерки за наоѓање пласман. Земјоделците ќе треба само да произведуваат и да не се грижат понатака да бараат пласман, истакна Села.

Алијансата за Албанците вечерва ќе има собир и во Битола.

Би можело да ве интересира

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски