ВИДЕО: Села бара од напаѓачите полoвина милион евра отштета

Од:

Пратеникот Зијадин Села бара отштета од половина милион евра од напаѓачите што го претепаа во Собранието на 27 април минатата година.

Неговиот адвокат, Абедин Абдули, денеска во кривичниот суд побара 30 милиони денари или 500 илјади евра за трошоците за лекувањето на Села, за физичката болка што ја претрпел, како и за повреда на личниот интегритет и претрпен страв.

Поради промена на две поротнички, судењето за обидот за убиство на Села почна од почеток. Во овој случај обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

На претходното рочиште, кое се одржа на 26 јануари, сите десетмина обвинети за обид за убиство се изјаснија за невини.

В.М.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Села ќе формира нова партија „Албански сојуз“

Села бара од Уставниот суд оценка на уставноста на измените за „Безбеден град“

Горан Наумовски