(ВИДЕО) Села бара автономија на СЈО и формирање на специјално судство

Од:

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села по средбата со премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска рече дека не се согласува со предложената варијанта на законот за СЈО кој предвидува тоа да биде дел од јавното обвинителство, туку бара да биде самостојно, онака како што е формирано. Воедно, тој бара и да не важат роковите за истраги и да се прифатат бомбите како доказен материјал.

„СЈО не ја исполни целта за којашто е формирано. Требаше да докаже изборен криминал за луѓе кои 17 години се дел од власта. Доста ни е од закони на хартија. На овој начин ќе се формирираат тела кои ќе бидат одбрамбени механизми за заштита на функционерите, а не за нивно санкционирање. Ние предлагаме како што има примери во Украина и Романија, каде што биле формирани ад хок тела, а потоа продолжиле да функционираат како независни тела, така да биде и кај нас. Воедно бараме да се надгради системот и да се формира специјално судство”, рече тој.

Села исто така бара да се спречи партизација на судството и да се вметне во законот да неможе партиски фукционер по истек на мандат да членува во Совет на јавни обвинители или Судски совет. Тој исто така бара сите прислушувани материјали, не само да се користат како докази, туку јавно да бидат објавени.

„Овие материјали треба да бидат објавени и граѓаните да имаат слика за политичките фигури за кои гласале и дали за нив повторно ќе гласаат во иднина”, истакна Села.

На прашањето дали ќе ја условува власта во преговорите со овие барања, Села одговори потврдно дека нема да отстапи од своите позиции. На прашањето кој ја блокира автономијата на СЈО, Села одговори дека не само негов впечаток, туку и на јавноста е дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се тие коишто не сакаат да постои СЈО.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Лога: И по притисокот на Таравари и неговиот газда, тој не го добил предметот за „печатите на АА“

Горан Наумовски

Алијанса за Албанците: Муртезани и Фетаи да сносат одговорност за скандалот со ИПА фондовите

Алијанса на Албанците: Амбасадорите насочуваат како треба да дојдеме до полноправно членство

Има ли Таравари аспирации за претседателски кандидат: Касами го предлага, тој молчи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Алијанса за Албанците: Итно да се побара одговорност од судиите за поништените пресуда за аферата „Собрание“

Горан Наумовски