Секретарот на Скопје си исчита изјава од ливче и избега, новинарите: Арсовска ја нема, вие бегате од прашања, зошто?

Од:

Додека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со денови не се појавува во јавност, на прес-конференција со изјава на ливче излезе секретарот на Градот Зоран Глигоров. За четири минути пред новинарите исчита изјава, а потоа, избега од просторијата каде десетици новинари имаа прашања за блокадите.

„Јас би сакал да завршам со мојата изјава. Имаме огромни обврски кои не притискаат, бидејќи сме блокирани од аспект на извршување на обврските кои ги имаме кон граѓаните, секое дополнително прашање да го упатите на соодветна е-маил адреса“, кажа Глигоров, на што новинарите жестоко реагираа.

„Зошто градоначалничката ја нема никаде да се појави во јавност?“, праша новинарка.

На ова имаше дополнителна реакција: „Скопје е блокирано, градоначалничката ја нема никаде за изјава, не ни одговарате на прашања…“

Генералниот секретар пак остана упорен и избега од прашањата: „Врз основа на прашањето кое ќе го поставите, соодветно ќе ви биде одговорено“.

„Зошто бегате од медиумите?“, беше следното прашање упатено до секретарот на Скопје, а тој наместо да одговори рече: „Јас ви благодарам многу, ви благодарам“.

Секретарот на Скопје тргна да си оди, а новинар му дофрли: „Новинарите што Ви се вас, држачи на микрофони?“.

Инаку, Градот Скопје со денови, а скоро и месец дена, не одговара ниту на писмено поставени прашања. Лицата задолжени за односи со јавноста не одговараат на пораки, а со градоначалничката Арсовска е невозможно да се стапи во било каков контакт.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он