„Секоја година иста песна, пали-гаси“, струшкото крајбрежје се пустоши, потпалувачите никој не може да ги најде

Од:

Не запира пустошењето на струшкото крајбрежје од Охридското Езеро. Како и сите минати години, пред летните сезони, палењето на трската после плажите „Версус“ и „Аквариус“ – продолжува. Министерството за внатрешни работи со години бара кој ги пустоши овие места, Државниот инспекторат прави увид и води своја истрага, а еколошките здруженија велат „секоја година, иста песна, пали-гаси“. Од „Охрид СОС“, како едно од најгласните здруженија за еколошките проблеми во Струга и Охрид, велат дека никогаш никој не бил казнет за уништување на трската.

„За неколку дена два поголеми пожари подметнати на овој потег проголтаа огромна површина под трска. Дали сега треба да чекаме пет месеци, како во примерот со депонирање земја и шут кај Далјан за да се најде и казни сторителот, или и ова ќе помине како и сè друго во државата – секое чудо за три дена? Попусти се апелите и реакциите ако институциите молчат или некого толерираат со децении. Свесни сте дека делот на струшкото крајбрежје е оставен на милост и немилост. Дали се трупа градежен шут и земја за да се прошири брегот, дали се пали трска, се депонира градежен отпад, се гради на самиот брег, се узурпира. Повеќе од доволно докази ви се предочени, претставки, пријави. Уништувањето на природното наследство никако да престане“, реагираат од „Охрид СОС“.

Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека направиле надзор кај запалените трски, а кога ќе го пронајдат сторителот, ќе поднесат кривична пријава.

„Опожарени се трски и вегетација во појас ограничен со пешачката патека и брегот на Охридското Езеро, со должина од околу 450 метри и ширина од околу 50 метри. Овој настан се случи и покрај предупредувањата до сопствениците на земјиште што граничи со пешачката патека – дека ќе бидат казнети доколку палат трска на државно земјиште“.

На местото каде минатата година беа палени трски, сега има тревник со патека, а пред него, шатор за правење свадби. До сега, ниту една од институциите не пронајде кој ја опустоши трската.

Би можело да ве интересира

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга

Горан Наумовски

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски