„Секој ден да е безбеден“, кампања за децата во сообраќајот

Од:

„Секој ден да е безбеден“, е новата кампања за поголема безбедност на децата во сообраќајотпреку која Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја потенцира највисоката општествена цел и врвниот општествен приоритет на поединците и на надлежните институции-безбедноста на децата.
 – Кампањата ќе се реализира во соработка со општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата и со надлежните институции на ниво на Република Македонија. РСБСП цели кон тоа да се задржи континуитетот на сообраќајна едукација, а со тоа децата да се стекнат со трајни навики кои секојдневно ќе ги практикуваат во текот на целиот живот, а со тоа да се унапреди безбедноста на сообраќајот на патиштата, како кај децата, така и кај возрасните, преку практикување на повисоко ниво на култура, свест и одговорност во сообраќајот, соопшти РСБСП.
Активностите од кампањата ќе бидат реализирани во наредните 6 месеци, кога ќе бидат организирани повеќе јавни настани за подигање на свеста за заштита на децата во сообраќајот, едукативни материјали и предавања за децата и возрасните, дефилеа, како и реализација на голем број активности, меѓу кои „Децата како коректор на возрасните“, организација на сообраќајно-едукативни предавања во детски градинки на тема „детски седишта“ и поделба на едукативен материјал–боенки и картички со пораки кои ќе бидат подарок за родителите од нивните најмили.
– Децата се нашето најголемо богатство, а наша лична одговорност е секој ден да вложуваме максимални напори за намалување на децата-жртви во сообраќајот и токму затоа апелираме, сите поединци, родители, надлежни институции и останати општествени чинители да се вклучат во оваа кампања, да ја поддржат и да дадат свој придонес кон остварување на нејзините цели, истакнува претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски.
Од РСБСП нагласуваат дека и понатаму ќе се залагаат за безбедност на децата во сообраќајот, тргајќи од фактот дека во 2015 година, вкупно 22 лица на возраст до 18 години го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од кои девет биле деца на возраст до четири години. Паралелно со овие активности, РСБСП ќе продолжи да ги остварува целите од Глобалната кампања на Обединетите нации, Save Kids Live-Нула деца жртви во сообраќајни незгоди.

Би можело да ве интересира

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Во Скопје имало 322 земјотреса за еден месец – низ градот минува процеп, живееме ли во безбедни згради?

Одржана „Регионална школа за безбедност 2023“ посветена на влијанието на безбедносните предизвици врз урбаната безбедност

Ана Ололовска

Академијата за сајбер безбедност на АУЕ-ФОН станува атрактивна во регионот

Професор Ѓуровски: Потребни се промени на нефункционалниот систем за кризен менаџмент и заштита и спасување

Ана Ололовска

Регионална школа „Новата безбедноста агенда одговор на современите ризици и закани“

Ана Ололовска