Седумнаесет мигранти откриени при проверка на патнички возила

Од:

Полицијата при проверка на патнички возила во два одделни случаи во близина на Неготино и кај селото Смоквица регистрирала вкупно 17 лица-мигранти кои потоа се спроведени во Прифатниот центар за странци-Скопје.

На автопатот во близина на селото Смоквица вчера околу 7:50 чaсот полициски службеници забележале возило „Рено“ со скопски таблици во кое влегувале повеќе мигранти. Полицијата се обидела да го сопре возилото, но возачот продолжил да се движи. На околу 300 метри возачот го запрел возилото и заедно со дел од мигрантите се дал во бегство. Полицијата ги пронашла и привела 12 -те мигранти од Алжир кои потоа биле спроведени во Прифатниот центар за странци-Скопје.

Полицаец од  Неготино вчера околу 20:35 часот во близина на клучката кај Неготино на автопатот во правец Гевгелија – Скопје се обидел да запре возило марка „Матиз“ со велешки регистерски ознаки, но возачот не застанал туку го продолжил движењето.

Полицијата со службено возило се упатила по него и кај месноста викана „Полна Цигла“ го престигнала и запрела. Во возилото биле затекнати возачот М.Ѓ. (32) и пет мигранти кои потоа се спроведени во Прифатниот центар за странци-Скопје.

Се работи на целосно расчистување на овие случаи.

Би можело да ве интересира

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод