Седуммина во трка за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Од:

Почна внатрепартиската битка во ВМРО-ДПМНЕ за кандидат на владеачката партија за градоначалник на Охрид.

Кој ќе му се спротистави на актуелниот градоначалник Александар Петрески од СДСМ, ќе се тактизира до последен момент, велат партиски извори за А1 и најверојатно името на кандидатот ќе биде соопштено после Нова година.

Неколку партиски функционери се пријавиле на конкурсот на владеачката партија за кандидати за градоначалници. Како што неофицијално дознаваме свои кандидатури до централата во Скопје поднеле, поранешниот пратеник Цветко Грозданов кого Петрески го посакува најмногу за противкандидат, Никола Бакрачески – директор на Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид, Љубен Арнаудов – директор на Општа болница Охрид, Венко Арнаудов – директор на централниот регистар во Охрид, бизнисменот Љупчо Арнаудов, Јордан Разоски – поранешен висок полициски функционер и Демир Далип.

Иако ништо не треба да претставува изненадување, во партиските кулуари се зборува дека внатре партиската битка сепак ќе се води помеѓу Цветко Грозданов, кој одамна најавува амбиции за оваа функција и доктор Никола Бакрачески на кого уште одамна му било понудено да биде кандидат за Охрид од ВМРО-ДПМНЕ.

Свои кандидатури и покрај тоа што претходно се спомнуваше не поднеле претседателот и потпретседателот на Општинскиот комитет во Охрид, Атанаско Михаилов и Дејан Пановски, како и пратеникот Хари Шокаровски.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“