Седум новозаболени од морбили, во животозагрозувачка состојба пациент на Инфективна клиника

Од:

Седум новозаболени од морбили се регистрирани во текот на вчерашниот ден од кои еден е хоспитализиран. Станува збор за 24-годишна пациентка од Куманово, мајка на заболено лежечко дете за која нема евиденција за вакцинален статус, информираат од Клиниката за инфективни болести.

На Клиниката, како што посочуваат, има 31 пациент од кои 15 се возрасни и 16 деца.

Во животозагрозувачка состојба е еден пациент на одделот за интензивна нега кој е на механичка вентилација на Клиниката. Со тешка клиничка слика е и 14-годишен пациент со церебрална парализа и пневмонија. Со сериозна пневмонија е и едно седуммесечно бебе.

Амбулантски се прегледани уште шест пациенти кои се пуштени на домашно лекување од кои едно е седумгодишно дете од училиштето „Тефејуз“ во Чаир, за кое нема евиденција за вакцинален статус. Останатите се возрасни меѓу кои најмладиот е на возраст од 22 години, а најстариот е на возраст од 44 години, кои се од Скопје освен еден пациент кој е упатен од Гостивар, информираат од Клиниката.

Би можело да ве интересира

Дете почина од морбили во Њујорк, прв смртен случај од болеста во последните 30 години

Четири потврдени случаи со морбили, се испитува нивна евентуална поврзаност

МЗ: Околу 25.000 граѓани се пријавиja за вакцинација против сезонски грип

А1он

Македонија обоена во зелена боја за донирањето органи

А1он

Нема лекарска грешка кај родилката која остана неподвижна, заклучи Стручната комисија

Катерина Ѓуровски

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски