Седум икони од Струшкито регион се најдоа на листата украдени црковни предмети

Од:

Вкупно седум икони од Струшкиот регион се најдоа помеѓу повеќе од илјада непроценливо вредни икони, фрески и други црковни предмети кои беа пронајдени деновиве кај двајца албански државјани, соопшти митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј.

Станува збор за престолните икони на Богородица, Исус Христос и Свети Никола од црквата „Свети Никола“ во селото Радожда, иконата на светецот Атанасиј Велики во црквата во селото Буринец, две престолни икони на Исус Христос и Богородица од црквата во Селци, како и икона од Исус Христос во селото Модрич.

И директорот на Заводот и музеј „Д-р Никола Незлобински “ од Струга, Сашо Цветкоски, потврди дека споменатите икони се наоѓаат во Албанија и се наменети за продажба на нелегалниот пазар.

– Упеавме да идентификуваме со стопроцентна сигурност дека се работи за седумте украдените икони. Тука останува простор дека и многу повеќе икони ќе идентификуваме, но што поскоро излезат наши стручни лица на лице место и го погледаат материјалот што таму достапен, верувам дека ќе имаме успех и ќе идентификуваме многу повеќе предмети. Сите наши предвидувања и претпоставки дека сето тоа заминува во Албанија, сега се остварија, појасни Цветкоски.

Според владиката Тимотеј, веќе подолго време, Македонската православна црква заедно со останатите институции задолжени за културното богатство во Македонија, се сомневале дека украдените црковни предмети завршуваат во соседната земја и токму затоа, како што појасни, иконите се заштитуваат во посебни центри.

– Дебарско-кичевската епархија  веќе неколку години наназад работи на евидентирање на нашето целосно богатство, но не само за да ги забележи како број, туку правиме целокупна фото-документација и врз основа на тоа сега можеме да ги препознаеме нашите артефакти што се однесени. До овој момент имаме собрано над 400 икони во три посебни центри коишто се со поголема сигурност заштитени, но не е завршен целиот процес. Сега знаеме што имаме во црквите и што може да ни снема оттаму,  изјави митрополитот Тимотеј.

Тоа, според него, дава можност, црквата, со поголема веројатност и сигурност, да побара преку надлежните институции, дел од украденото богатство да се поврати во Република Македонија од каде што е изнесено.

Од 2008 година, откако зачестија кражбите на икони, посебно во црквите во руралните среднини каде што живеат помалку жители, од црквите кои се во надлежност на Дебарско-кичевската епархија се украдени околу 300 вредни икони.

Би можело да ве интересира

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент