Седници на пет собраниски комисии

Од:

Пет собраниски комисии денеска ќе одржат седници на кои ќе разгледаат повеќе економски и политички предлог закони.

Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за економски прашања е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка – второ читање, поднесен од пратениците Хари Локвенец и Реџаиљ Исмаили.

Комисијата за финансирање и буџет ќе одржи две последователни седници. На првата ќе има јавна расправа по Предлог-законот за вршење на сметководствени работи, а на дневниот ред на втората се предлог законите за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување, и на Законот за банките, двата по скратена постапка – второ читање и поднесени од пратениците Агим Муртезанов, Мира Стојчевска, Милева Ѓоргиева, Панче Иванов и Артан Груби.

Комисијата за европски прашања ќе го разгледа Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, по скратена постапка – второ читање, а Комисијата за одбрана и безбедност Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка – второ читање.

На дневниот ред на Законодавно-правната комисија се пет законски решенија по скратена постапка поднесени од пратеници од владејачкото мнозинство.

 

 

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска