Седница на ЕСС: Разгледан ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување за 2017 година

Од:

На седницата на Економско социјалниот совет со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се разгледуваше ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година.

Членовите на ЕСС беа информирани за потребата од ревизија на Оперативниот план поради обезбедени дополнителни финансиски средства, како и за реализација на поставените цели предвидени со различните програми и мерки.

Со ревизијата се обезбедува поголема активација на младите лица во новите програми, се дава можност за вклучување во програмите на сите невработени лица, а не само на активните баратели на работа, вклучување на граѓанските организации, како и регионален пристап при имплементацијата и вклученоста на повеќе засегнати страни.

Со ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година кај одредени програми врз основа на досегашната имплементација се направи корекција на бројот на опфатот на лицата, одделни програми се изоставија и се додадоа нови програми кои ќе обезбедат вклучување на пазарот на трудот претежно на млади невработени лица.

Членовите на ЕСС го прифатија ревидираниот Оперативен план и препорачаа да се обезбеди поголема промоција заради навремено и целосно запознавање на заинтересираните невработени лица, работодавачи и сл.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска