Седми хуманитарен Црвено-црн бал „Верувај и љуби”

Од:

Лајонс Клуб Зограф вечер во Скопје со почеток во 20 часот го организираат седмиот хуманитарен Црвено-црн бал “Верувај и љуби”. Собраните средства ќе бидат донирани на Родителската куќа за престој на родители на деца кои се лекуваат од канцер.

Родителската куќа се наоѓа во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза” – Скопје, каде претстојуваат родители чии деца се лекуваат на хематоонколошкото одделение на Детската клиника, а се од внатрешноста на Македонија. Се состои од четири апартмани, трпезарија со кујна, дневна соба и библиотека.

-Престојот за родителите е целосно бесплатен, ние како здружение САНО се грижиме за да им обезбедиме храна, чиста постелнина, интернет да комуницираат со своите семејства. Собраните средства ќе бидат наменети за подмирување на овие потреби во понатамошното работење на куќата, наведуваат организаторите.

Хуманитарниот Црвено-Црн Бал “Верувај и љуби” што ќе се одржи во ресторанот Рагуза 360 rooftop ќе биде збогатен со лотарија, и настап на студенти од Факултетот за музичка уметност. Цената на билетот изнесува 1.300 денари, во која е вклучена донација и вечера.

Би можело да ве интересира

Е.Д.Е.Н. подели близу 700 вегански оброци на загрозени лица во Скопје

Ана Ололовска

Хуманитарна акција на Црвен крст „Заедно каде е потребно“

Ана Ололовска

Повик за помош на семејството Ахмети од Драчево

Ана Ололовска

Хуманитарен систематски преглед на децата од домот „11. Октомври“ во ПЗУ Интермед Арт

Ана Ололовска

Кампања за реконструкција на живеалишта на социјално загрозени семејства со деца

Ана Ололовска

Хуманитарна акција „Подари со радост“ на „Епилепсија Македонија“

Ана Ололовска