Сеавус талент програма за IT операции и поддршка

Од:

Софтверската компанија Сеавус организира бесплатна програма за обучување на млади инженери од областа на ИТ операции и поддршка.

Програмата нуди можност учесниците да се стекнат со почетно знаење со алатки за монтирање, SQL бази, Shell и Powershell скриптирање, ИТ безбедност, сервиси на Oracle и многу повеќе.

Предавањата започнуваат на 17 октомври 2018 година, а завршуваат на 12 ноември 2018 година, и ќе се одвиваат три пати неделно, во период од 09.00ч до 17.00ч.

Сите дипломирани студенти, оние на постдипломски студии, како и во последна година од студии кои сакаат да го надградат своето знаење, како и сите оние кои сакаат да ја променат професијата, оваа талент програма е вистинска можност за вас.

По завршувањето на предвидените предавања, најдобрите учесници ќе имаат можност да се вработат во Сеавус и да се стекнат со професионално искуство преку работа со различни клиенти ширум светот како и да добијат можност да работат со најдобрите сервиси за хостирање, систем администрација, сервиси за ИТ операции и поддршка во различни технологии.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Близу 20 тони дезинфекциски средства се поделени по центрите за јавно здравје и јавно здравствените установи

Предраг Петровиќ

Сеавус: Им препорачуваме на сите вработени да работат од дома, нивното здравје е наша најголема грижа

Ландов

10, 50 и 100% стипендии за втората генерација визуелни артисти и модни дизајнери на Seavus Едукативен Центар и Џолев и Уметностите

Ана Ололовска

Seavus едукативниот и развоен центар доделува целосни стипендии за Академските програми 2018/19

Ана Ололовска

„Инвестициски ден“ во Сеавус Инкубатор

Наум Локоски

Јава тренинг – Сеавус талент програма

Наум Локоски