Сеавус: Им препорачуваме на сите вработени да работат од дома, нивното здравје е наша најголема грижа

Од:

„Сеавус“, како најголема компанија во Македонија за развој на софтвер и консалтинг услуги, постојано ја следи состојбата со корона вирусот (COVID-19) во светот и како резултат на последниот развој на ситуацијата, им препорачувана сите свои вработени глобално, да работат од дома.

„Оваа превентивна мерка ќе започне од понеделник, 16 март и ќе трае до 22 март, со можност за дополнително известување. Според состојбата локално, онаму каде што се наоѓаат нашите канцеларии, можно е мерката да трае некаде подолго, а некаде пократко време“, соопштија од компанијата.

Сите канцеларии на Сеавус остануваат отворени и сите вработени кои не се во можност да работат од дома ќе можат да доаѓаат на работа.

„Сите канцеларии имаат обезебедно услови и средства за вработените да можат безбедно да работат од дома. Во таа смисла, работниот процес и нашите обврски кон клиентите нема да бидат афектирани. Нашата препорака за работа од дома е превентивна мерка. Сериозно ја земаме во предвид нашата одговорност да превеземе се што е во наша можност да се спречи ширењето на коронавирусот (COVID-19) и да ги заштитиме нашите вработени, а со тоа и нивните фамилии. Здравјето и безбедноста на сите е наша најголема грижа.

Оттука, ве повикуваме сите да ја следите оваа наша одлука на претпазливост и социјално дистанцирање. За да се заштитите себеси и другите, информирајте се редовно за COVID -19 преку сајтот на Светската здравствена организација и следете ги информациите и инструкциите на Министерството за здравство“, велат од компанијата

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска