Водостојот на Дојранското Езеро е за речиси три метри повисок од просекот за април и бележи пораст од еден сантиметар во однос на вчера, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Нивоата, пак, на останатите две природни езера се пониски од вообичаените за овој период од годината и се исти како вчера.
Сите реки во земјава, исто така, имаат понизок водостој од просечниот и бележат благо намалување или зголемување на нивото во споредба со вчерашното.