Се запали автобус на ЈСП во Нерези

Од:

Неколку минути пред пладне, денеска во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувнал пожар во кој нема повредени патници, причинета е само материјална штета информираат од ЈСП.

Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници.

Внатрешната контрола на ЈСП Скопје излегла на терен, при што, од изјавата на возачот и околни сведоци, било констатирано дека пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот.

– Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета. Возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало едно противпожарно возило. Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот велат од ЈСП.

Би можело да ве интересира

Дел од автобусите на приградските линии на ЈСП не одат до крајните дестинации

Јавниот превоз ќе се одвива по неделен распоред, со исклучок на 10 линии

Горан Наумовски

Голема несреќа во Сеул: Автобус удри пешаци, 13 лица се повредени, двајца се тешка здравствена состојба

Горан Наумовски

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Приватните автобуси од денеска возат по редовен возен ред, ЈСП им улати дел од долгот