Се заканувал дека ќе ја нападне амбасадата на Косово ако не добие итен прием

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста.

На 6 ноември, осомничениот упатил сериозна закана дека ќе нападне по животот и телото на повеќе службени лица, вработени во Амбасадата на Република Косово во Скопје, предизвикувајќи чувство на несигурност, загрозеност и страв. Тој се јавил од мобилен телефон на службениот телефон во дипломатското претставништво и се заканил дека ако не биде примен на итна средба, ќе ја нападне Амбасадата и вработените.

Со цел неперечено водење на постапката и обезбедување на присуството на осомничениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа, забрана за посетување на Амбасадата на Република Косово, како забрана за приближување и воспоставување контакт со амбасадорот и со други службени лица вработени во Амбасадата.

Би можело да ве интересира

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“

Обвинение за пет интернисти од битолската болница за смртта на 40-годишна жена

Катерина Ѓуровски

Приведен, па пуштен: порашениот член на ОВК Фадиљ Пушкољи и се заблагодари на македонската полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица крадци пустошеле низ Боговиње: однеле пари, злато и оржје, штетата е 250 илјади евра

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Поднесено обвинение и продолжен притворот на осомничениот за опожарувањето возила пред Амбасадата на Бугарија