А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Се уште нема седница за разрешување на Јанева, ниту нова средба за законот за ЈО

by А1он13/09/2019 - 11:47320
Share0

Во Собранието се уште нема најава кога ќе се одржи седницата за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор за случајот „Рекет“. Извесно е дека седница мора да има до недела, 15 септември, кога истекува рокот за нејзино разрешување. Нема ниту средба на работните групи за законот за јавно обвинителство.

Добивај вести на вибер

Од кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери велат дека се уште нема информација кога ќе биде закажана седницата. Разрешувањето на Јанева веќе помина на матичната собраниска комисија каде едногласно беше изгласан предлог за нејзино разрешување.

Неофицијално седницата најверојатно ќе биде закажана утре или најдоцна в недела. Се остава простор за договор за законот за јавно обвинителство, но работните групи по лидерската средба помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски немале контакт ниту иницирале нови разговори, потврдуваат од двете партии. Договорот на лидерската бил дека штом некоја од страните ќе има некаков предлог да предложи средба, но според информации од владејачката партија засега такво нешто не се случило. Ова го потврдуваат и од тимот на ВМРО-ДПМНЕ.

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ барем јавно се уште остануваат на веќе изнесените ставови во врска со новиот закон за јавно обвинителство. Од партиите велат дека нема најава ниту за средба помеѓу лидерите.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат и дека и да не продолжат разговорите за новиот закон за јавно обвинителство, доколку викендов биде закажана седница за разрешувањето на Јанева тие ќе присуствуваат.

– Нема одлука пратениците да не присуствуваат на ваква седница, велат од партијата.

Во меѓувреме, и покрај тоа што нема разговори за новиот закон за јавно обвинителство, со којшто СЈО би требало да се инкорпорира во јавното обвинителство, почнува преземањето на предметите на СЈО.

jokatica janevasjosobranie

Би можело да ве интересира

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 13:0022/04/2026 - 13:13

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 07:21

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ16/04/2026 - 15:53

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули

Горан Наумовски16/04/2026 - 13:02

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 13:2126/03/2026 - 13:28

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто