Се укинуваат контролните тестови за позитивните лица на Ковид-19

Од:

Се укинуваат контролните тестови за Ковид – 19 – после 10 дена асимптоматските случаи кои се позитивни на коронавирусот автоматски ќе излегуваат од изолација, а лицата со симптоми после 20 дена. Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, велејќи дека ваквата одлука се темели на опсежните истражувања во МАНУ.

„Овој нов протокол се темели на опсежни анализи на МАНУ, препораките на СЗО и на Европскиот центар за превенција на болести. МАНУ анализираше повеќе од 10 илјади тестирања. Утврдено е дека кај пациенти позитивни на Ковид-19, независно од резултатот на контролното тестирање, не е присутен вирус кој е доволно силен за да може да предизвика зараза, после 10 дена кај асимптоматските, а после 20 дена кај оние што имаат симптоми. Оттаму, после овој период, пациентите ќе бидат ослободени од изолација без контролни тестирања“, рече Филипче.

Претходно, лицата кои се позитивни на коронавирусот, излегуваа од изолација по два негативни теста.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Зошто не ги прифаќате мерките на СДСМ коишто навистина ќе дадат ефект?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Владата ја држи земјата во изолација, а граѓаните во сиромаштија

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Филипче: Цените растат, а наместо мерки – Мицкоски им се потсмева на граѓаните

А1он