Се укинува мерката за условен увоз на брашно

Од:

Владата ќе ја укине својата мерка за условен увоз на брашно со откуп на домашна пченица. Решението било донесено по образложувањето на сите аргументи за состојбата во мелничката индустрија.

„Имавме квалитетна дискусија на која утврдивме дека постои простор за укинување на мерката за да може да се дозволи увоз на брашно“, изјави денеска министерот за земјоделство, Љупчо Димовски.

Тој нагласи дека брашното што ќе се увезува ќе мора да биде квалитетно и во согласност со македонските прописи.

„Тука нема да има никаква отстапка. Секој што мисли дека во Македонија може да се пласира брашно со несоодветен квалитет, се излажал. Агенцијата за храна и ветеринарство ќе врши ригорозни контроли на сите испораки и увозни пратки“, истакна Димовски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Новиот министер за земјоделство да каже дали има бугарски пасош и резервна татковина

ЗНАМ со владината реконструкција го добива Министерството за земјоделство, ќе го раководи Борче Серафимовски

СДСМ: Кратењето 40 милиони евра субвенции за земјоделците Трипуновски го претставува како „реформа“

Од локално до европско – Лидл отвора нови можности за македонското земјоделство

A1on

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on