Се укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година

Од:

Се укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година, одлучила Владата на денешната седница, објави министерот за образование Арбер Адеми на својот профил на Фејсбук.

Адеми посочува дека Владата на Република Северна Македонија на денешната седница усвои сет образовни мерки со кои се обезбедува непречено функционирање на воспитно – образовниот систем.

– Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година, а тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома. Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни, а исто така се уредуваат и уписите на високообразовните установи, посочува Адеми.

На денешната прес конференција тој рече дека тоа ќе овозможи матурантите да избегнат стрес и да се посветат да бараат работа или да го продолжат високото образование на факултетите.

Учениците во основно и во средно образивание до 10 јуни нема да се вратат во училишните клупи односно до крајот на учебната ќе се реализира настава од далечина.

Уписот на првачињата наместо во мај ќе почне во јуни. Списоците со запишани ученици училиштата ќе ги објават најдоцна до 15 јули, а тие што нема да бидат запишани ќе добијат писмено известување.

Има уште неколку мерки кои ги соопшти Адеми за, како што рече, непречено функционирање на воспитно-образовниот систем во услови на пандемијата од КОВИД-19, а се донесени во партнерство со други инстируции и граѓанскиот сектор.

Во однос на уписите на високообразовните установи на прв циклус академски стручни студии, како и на академски студии од областа на уметностите во академската 2020/2021 година ќе може да се запише лице кое положило државна матура или меѓународна матура заклучно со учебната 2018/2019 година, потоа лице кое завршило четиригодишно средно образование според прописите кои важеле пред воведување на државната матура и секако лице кое се стекнало со диплома за завршено средно образование во траење од четири години во учебната 2019/2020 година, соопшти министерот за образование.

– Имено, ова значи дека покрај лицата со положена државна матура во некоја од изминатите години или меѓународна матура на факултет во земјава ќе можат да се запишат и сите лица кои се стекнале со диплома за завршено четиригодишно средно образование во оваа учебна година, рече Адеми.

Владата усвои уште една мерка која е поврзана со високото образование, а се однесува на продолжување на важноста на студиските програми на сите три циклуси чија важност, акредитација престанала во академската 2019/2020 година со уште една дополнителна година.

Адеми, исто така, соопшти дека за континуирано обезбедување наставен кадар во насока на непречена реализација на далечинското учење, на сите наставници кои до денот на прогласување на вонредна состојба биле ангажирани со договори на определено, работниот однос им се продолжува до крајот на учебната година. Воедно ќе се обезбеди и соодветна замена за секое испразнето работно место на наставник.

Владата донела одлука и за продолжување на мандатите на раководителите и управителите во основните и средните училишта, доколку тие им истекуваат или се истечени за време на вонредната состојба.

– Мандатите ќе бидат со важност до 90 дена по престанокот на вонредната состојба, рече Адеми.

Со овие сет образовни мерки, според Адеми, ќе се обезбеди непречено функционирање на воспитно образовниот систем на овие вонредни околности и услови предизвикани од појавата и ширењето на Ковид 19.

Мерките се предложени од страна на МОН, а изготвени во соработка со низа други надлежни институции во областа на образованието со поддршка на граѓанскиот сектор и партнерските организации и истите го гарантираат остварувањето на правата на граѓаните во областа на образованието.

Министерот Адеми на прес-конференцијата искажа уверување дека продолжува и реализацијата на сите останати права во областа на образованието, како на пример исплатата на парични надоместоци по основ на стекната стипендија, некои од еднократните парични надоместоци како финансирање на објава на научни трудови и слично.

– По завршување на вонредните околности објавен е и повик за покривање на трошоци за пат и котизација за основци и нивните ментори за учество на меѓународни натпревари. Ова е наша обврска која што произлегува од новиот Закон за основно образование и должни сме да ја исполниме, рече тој.

Би можело да ве интересира

Адеми: Волјата на гласачите е запишана, таа ќе биде дел од идните политики на државата

Ученици од прва до четврта година принудени да плаќаат за наметки и капи за матурантите

Орце Костов

Адеми: Интенцијата на ВМРО-ДПМНЕ е да не се донесе Законот за игри на среќа за да продолжи монополот на една фирма

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски