Се топи партиската поддршка за Богдановиќ, тој не размислува да „трча“ сам

Од:

Партиски извори брифираат дека се топи поддршката во СДСМ за кандидатурата на Саша Богдановиќ за втор градоначалнички мандат во Општина Центар. Гласовите на членството се прелеваат кај претседателот на општинската организација на СДСМ, Горан Герасимовски и кај Иринка Сотирова – Бухова, актуелна директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат иако тројцата се во кандидатите фаворити на партијата. Градоначалникот Богдановиќ, за „А1он“ вели дека не размислува за независна кандидатура оти е убеден дека партијата ќе го поддржи.

„Воопшто не сум размислувал за независна кандидатура. Не планирам такво нешто. Јас се залагам за обединување во партијата и за заедништво, така досега постигнувавме успех. Јас конкретно сум се борел против такви поделби. СДСМ е моја партија и ако не ми даде поддршка нема да се кандидирам“, вели градоначалникот Богдановиќ.

Дел од членството во СДСМ Центар се пожали дека градоначалникот испраќал пораки за гласање со кои индиректно велат дека им влијаел на изборот. Градоначалникот Богдановиќ тврди дека пораки не испраќал.

„За пораки воопшто не станува збор, нема таква работа, но јас секојдневно добивам повици, наши членови ме прашуваат дали се кандидирам, се интересираат. Им кажувам дека сум кандидат, дека ќе барам и втор мандат и досега многумина ми кажаа дека ме поддржуваат. Можеби некој ова го разбрал погрешно, пораки не сум испраќал“, објаснува градоначалникот Богдановиќ.

Тој нагласува дека се уште нема конкретна одлука за Центар, но, според оние кои него го брифираат, тој бил најдобар на партиските анкети.

Богдановиќ бил предложен од месните одбори за кандидат за градоначалник на Центар, но и самиот поднел кандидатура, заедно со програма за работа на отворениот повик во партијата.

Минатата недела кога ги соопшти кандидатите за градоначалници во 30 општини, во кои не е Општина Центар, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, Центар ја претстави како една од петте општини во кои со сигурност ќе победи СДСМ. Покрај во Центар, сигурна победа очекуваат во Струмица, Куманово, Карпош и Крива Паланка. Постапките за избор на кандидатите во овие општини треба да завршат до крајот на овој месец, а ќе бидат објавени на почетокот на август. До крајот на август, според најавата на премиерот Заев, ќе бидат објавени сите кандидати за градоначалници на СДСМ. Тој се уште не се сретнал со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за начинот на соработка на локалните избори, но вчера најави 50 отсто коалициски настап во првиот круг. Потврди дека за коалицискиот настап веќе имал средби со Мендух Тачи од ДПА и Билал Касами од Беса, а до крајот на неделава ќе се сретне и со Ахмети.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во Универзалната сала немало никој за време на пожарот, апелирам да не се шират шпекулации

Александар Тодески

Левица: Герасимовски одобри да се гради кај ,,Tреска” спротивно на препораката на антикорупциска

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата

Герасимовски: Подобри урбанистички и сообраќајни решенија во новиот ДУП Крњево 2

Горан Наумовски

Герасимовски: Нова градинка на две нивоа вцртана во новиот ДУП за Крњево 2