Се снима судењето на Груевски за „шамарите“

Од:

Во Кривичниот суд во Скопје се одржува ново рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“.

На рочиштето во Судот се појавија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.

Ова е прв пат судење по предмет на СЈО да биде под видео надзор. Како што објасни судијката, Татјана Михајлова, судењето се снима со две рачни камери, но само визуелно, а не и тонски.

Кога судијката извести дека се снима, адвокатот Димитар Дангов изреагира дека штом се снима не треба да се води писмен записник и побара да се одложи главната расправа затоа што претходните записници не биле потпишани од странките кои се обвинети.

„Истакнувам приговор, за начинот на водење на записникот на главната расправа. Со оглед како судот постапува на денешниот предмет. До сега имаше подготвителни расправи, а не беа снимани тонски или визуелно, освен едно од истото. Му предлагам на судот за да нема недостаток на записи од претходните рочишта, да ги повика странките да ги потпиштат записниците затоа што инаку нема да имаат правно дејство. Тоа е согласно закон. Доколку судот не реши како ќе постапува по овој предлог, нема да може да продолжи главната расправа“, рече адвокатот.

Судијката, Татјана Михајлова, истакна дека има бројни одлуки по кои судот по службена води засписници во строга форма и го одби предлогот на одбраната да се одбие предлогот за одложување на денешното рочиште.

„Без оглед дали се одржани или неодржани рочишта, досега вие не сте доставиле приговор по оваа точка. Од 1ви декември 2013 година до денес кога е донесен законот, ние постапуваме на овој начин. Овде има бројни и бројни одкуки по кои се постапувало на ваков начин. Тоа се одлуки по кои судот по службена должност води записници во строга форма. Судот располага со ваков вид на опрема. Доколку ги видете претходните записници, јас имам кажано дека немало можност да се снимаат рочиштата. Приговорот можам да го одбијам, ако е процесен“, истакна судијката .

На претходните рочишта, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски.

Настанот се случи на 7. и на 10. јуни во 2013-та година, кога група така наречени верници упаднаа и ја демолираа општината, а од прислушуваните разговори, кои со одлука на Апелацискиот суд ќе бидат докази во кривичната постапка, се слуша како што кажа Заев, како Груевски на Миле Јанакиески му бара да се организира инцидент и „да му врзе 3-4 шамари“ на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов