Се реконструира објектот на поранешниот Задружен дом во Младо Нагоричане

Од:

Интензивно се реконструира објектот на поранешниот Задружен дом во кумановското село Младо Нагоричане во оштина Старо Нагоричане.

Градежните активности се реализираат како дел од проектот „Изградба на мост на туризам“ којшто се реализира во рамки на прекуграничната соработка на општините Старо Нагоричане и Рила од Бугарија преку ИПА програмата.

Вкупната инвестиција е 498.000 евра, од кои 274.000 евра се за општина Старо Нагоричане, а 248.000 за општина Рила во Бугарија. Реконструкцијата треба да се заврши до октомври годинава.

Во домот ќе се одржуваат разни манифестации, олимпијади и натпревари, презентации на мрежи за млади претприемачи, изложби, ликовни колонии, семинари и обуки.

– Општина Старо Нагоричане со спроведување на овој проект односно со изградбата на домот планира и развој на туристичко биро каде што заинтересираните ќе можат да се информираат за природните богатства, културно-историските споменици во општината кои можат да се посетат, а имаме бројни дестинации кои се привлечни како за туристите од Македонија, така и за странските туристи, изјави Давор Арсиќ од општина Старо Нагоричане.

Задружниот дом се наоѓа на Коридорот 8, на крстосница со двете соседни држави Бугарија и Србија, што е особено значајно за развој на туризмот, поради пристапните патишта и близината за туристите кои го посетуваат овој регион.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски