Се размислува за задолжителна вакцинација, мерките со кои работодавачи требаше да тестираат вработени се повлечени

Од:

Само со апели од матичните доктори, без дополнителни мерки ќе се стимулира вакцинацијата и спречувањето на ширење на коронавирусот. Ова доаѓа откако Владата не ги усови мерките предложени од министерот за здравство Венко Филипче за рестрикции. Тие предвидуваа без вакцина или негативен ПЦР-тест, вработените во државни институции да не можат да одат на работа, а работодавачите реагираа дека плаќање на тестови за нив е голем финансиски трошок. Засега се размислува за воведување на евентуална задолжителна вакцинација.

„Сметам дека карантеризирање, сега во ситуација кога имаме близу 50 проценти опфат, не треба да е опција, но не знаеме што може да се случи. Ќе оставиме време, да видиме дали ќе помогне комуникацијата и апелите на матичните лекари. Сметам дека дополнителна мерка, во смисла на некаква форма, вакцинацијата да биде задолжителна, а согласно примерите кои ги даваат и другите земји, не е исклучена. Некои земји размислуваат за задолжителна вакцинација“, рече Филипче.

Прашан дали ќе се спроведуваат мерките со забрана за одење на работа без вакцина, Филипче рече: „Засега нема да се спроведува. Стигнавме до констатација дека отвора сериозни прашања како ќе се казни тој што нема да прифати вакцинација, а е и голем финансиски терет. Потребна е комуникација со граѓаните. Ова ни е најпрактичен механизам, тоа се матичните лекари“.

Дел од матични доктори ја искритикуваа мерката со која им се дава 30 денари по пациент, ако вакцинираат 70 отсто од запишаните пациенти. И покрај тоа, Филипче смета дека ќе даде резултат.

„Матичните лекари први имаат контакт. Надоместокот ќе се даде почетокот на летото, крај на есента, другата година. Просекот е околу 1000 пациенти, тоа не се пари за занемарување. Ова е битно за државата, има различни степени на опфат кај матичните. Тие можат веднаш да почнат. Оваа мерка е на која матичните треба да стават акцент, и да ја пуштат пораката“, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

Која гаранција ќе биде конечно доволна за Мицкоски, прашува Филипче

Филипче: Подготвени сме да разговараме за една изборна единица

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се жали не го слушале советниците, или стигна потврда дека не е претседател ниту на советниците на Заев

Власта со лажен партиски ПР прави розова слика, меѓутоа луѓето знаат како се живее, вели Филипче

Горан Наумовски

Да си се среќава со Ахмети, Таравари и Апасиев му порача ВМРО-ДПМНЕ на Филипче кој инсистира на лидерска

ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да ја испита улогата на Филипче за случајот „Онкологија“

А1он