Се разгледува можноста за воведување имунолошки пасош за патувања надвор од земјава

Од:

Комисијата за заразни болести ја разгледува можноста за воведување имунолошки пасош за нашите граѓани кои би патувале надвор од земјата како и за странци кои би пристигнувале по отворањето на границите. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека засега можноста само се разгледува, а земјите немаат консензус за воведување на имунолошкиот пасош.

Во него треба да има податоци за направени негативни тестови за коронавирус за оние кои планираат да патуваат.

Министерот Филипче рече дека пред два дена на состанок на Светската здравствена организација се разговарало делумно за имунолошкиот пасош, за кој вели дека е актуелно прашање посебно во изминативе неколку денови.

„Имунолошки пасош е се уште на ниво на размислување на поединечни земји. Дилемите се кој е тој протокол што ќе се признае за валиден, колку денови направениот тест ќе важи за валиден, колку ќе се комплицира целиот тој процес ако станува збор за краткотрајни патувања на еден или два дена и на крајот каква е гаранцијата да од земање на тестот па се до влегувањето во некоја земја, некој не се заразил од вирусот. Многу отворени прашања. Ние дискутиравме во рамките на нашата Комисија, засега, согласно овие препораки сметаме дека нема некаква голема вредност, во смисла на сигурност, но сме отворени за опцијата и за наши граѓани кои што би патувале и за странци кои треба да дојдат доколку станува збор за пристап на повеќе земји во смисла на регионален пристап или во земји од Европската Унија. За ова прашање се уште нема некој поширок консензус. Повеќе земји го разгледуваат, вклучително и ние. Засега немаме став“, рече министерот Филипче.

Владата на 14 март донесе одлука поради коронавирусот да се затворат сите гранични премини со исклучок на граничнините премини Богородица, Ќафасан, Табановце, Блаце и Деве Баир. Со оваа одлука затворен беше и аеродромот во Охрид. Два дена подоцна, на 16 март беше донесена одлука да се затворат сите гранични премини вклучително и скопскиот аеродром.
За повторното отворање на границите препорака до Владата треба да даде Комисијата за заразни болести.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он

Филипче: Пратениците на СДСМ утре ќе поднесат предлог за надзорна расправа и Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформи нема, Македонија губи време, власта врши притисок на судството

Катерина Ѓуровски

Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпреседател на СДСМ

Катерина Ѓуровски

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време