Се работи на долгорочно решение за случајот со училиштето во Чашка, вели Шаќири

Од:

Министерот за образование Јетон Шаќири уверува дека се работи на долгорочно решение во основното училиште „Тодор Јанев“ во Општина Чашка, каде родители реагираат на одлуката да биде отворена паралелка на албански јазик.

Министерот на денешната промоција на дигитални учебници одговорајќи на новинарско прашање информира дека е во постојана комуникација со директорите на училиштата во Чашка и дека се работи на долгорочно решение.

Тој воедно алармира родителите да имаат предвид дека за непуштање на дете во училиште има ригорозни законски мерки.

-Има ригорозни мерки, затоа што според законот родителите кои не ги пуштаат децата во училиште подлежат на одговорност, затоа што станува збор за законска обврска, услови во училиштето има затоа да не бидеме ригорозни со мерките да имаат разбирање родiтелите да се заврши ова и да се најде заедничко решение, посочи Шаќири по промоцијата на дигитални интерактивни учебници за четврто, петто и шесто одделение.

Би можело да ве интересира

Шаќири: Не сум основал медицински факултет во Струга, туку тригодишни студиски програми за медицински сестри

A1on

Шаќири: За простор за ФИНКИ се бара решение, помошта за средношколците и основците ќе се исплати до петок

Шаќири: За врсничкото насилство не е одговорно само МОН, треба да се вклучат сите институции и родителите

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Шаќири: При крај е наоѓањето решение со учениците во Чашка

Заврши протестот на студентите, министерот ќе ја разгледа нивната иницијатива за календар на активности