ФОТО+ВИДЕО: Се пука во Куманово од 4 утринава

Од:

Пукотници, рафали, хеликоптери. Ова е сцената од Куманово од утринските часови, поточно во делот наречен „Дива населба“ , кај пазарот но и во делот на центар.

Луѓе од фабриката Чик сведочат дека им летале куршуми над глава.

kumanovskoPukanje (1)

Два часа веќе се слушаат пукотници, дури и рафални истрели, а голем дел од луѓето бегаат со возила од местото каде е забележано пукањето.

kumanovskoPukanje (2)

Вчера, се појави информација дека се очекува пукање во Куманово, дека е уфрлена група од петнаесетина униформирани лица, која планира напади на полициски станици и на други државни институции.

kumanovskoPukanje (4)

Засега нема официјално известување од МВР дали ова се остварило или пак се случува нешто друго.

kumanovskoPukanje (3)

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане