Се преврте автобус, шоферот во обид да избегне удар во трактор излетал од патот

Од:

Автобус со патници се преврте попладнево, неколку минути по 14 часот. Несреќата се случи на патот Кичево-Битола. Првичните информации велат дека автобусот превезувал патници кои биле вработени во тутунска компанија. Тој се обраќал од селото Драгарино кон Демир Хисар.

До несреќата дошло откако возачот на автобусот во обид да избегне судар со трактор, излетал од коловозот и се превртел. Засега, нема пријавено повредени патници. Директорката на битолската болница, Билјана Гагачовска, за „А1он“ вели дека таму до овој момент нема хоспитализирано лица кои пријавиле повреди, а се превезувале со автобусот.

„До овој момент, нема донесено повредени лица во Ургентниот центар“, вели кратко Гагачовска.

На терен и натаму трае увидот.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он