Се преговара за повлекување на концесионерите за хидроцентрали на Шар Планина

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес-конфернеција истака дека се преговара за повлекување на концесионерите за изградба на мали хидроцентрали на Шар Планина. Како што рече, дел од нив се подготвени да се повлечат, а за другите се очекува да се најде заедничко разбирање.

– Има седум одлуки од Владата за концесии. Јас имав разговори со овие концесионери за да се почнат преговорите. Имавме неформален разговор и се надевам дека во многу брзо време ќе имаме и формален договор за да се тргнат. На пример во Лешница ќе се тргнат, но сме во комуникација и со останатите, преговараме нормално, ние се грижиме и за природата но истовремено и за државниот буџет, за да немаме многу загуби за ова. За останатите се надевам дека ќе имаат разбирање за ова и ова ќе се направи во текот на една година. Концесионерите или ќе започнат или ќе се отстранат по усвојувањето на законот, рече Нуредини.

На новинарсно прашање околу состојбата со дивите платформи на Матка и барањата за легализација кои „две ипол години стојат во фиока“ кај градоначалникот на Општина Сарај, министерот за животна средина и просторно планирање рече дека од почеток на мандатот тој е за заштита на природното наследство.

– За Матка законот е при крај кој што ќе го предложиме, овде останува само некој дел за менаџирањето на Матка. Апсолутно се согласувам дека е едно од нашите богатства во нашата земја и треба да го заштитиме и тоа врз основа на координација со Општина Сарај и со граѓаните ќе се договориме за менаџирање на Матка. Законот наскоро ќе биде предложен во Влада кога ќе биде и усогласен. Ние како институција не си ја префрламе топката, но ние не сме за легализација, за ова може да одлучи градоначалникот на Општината, но ние сме овде за соработка со сите, а за зонирањето точно каде ќе се дозволи, а каде нема да се дозволи градење тоа се активности кои ќе се одредат во зоните. Ова ќе го презентираме кога ќе биде готово, образложи Нуредини.

Во однос на шестовалентниот хром кој што истекнува од депонијата на Југохром, а претставува проблем за изворот Рашче, министерот посочи дека тоа е една жешка точка во нашата земја неколку години.

– Ние сме во тек со ситуацијата таму. Вистина е дека е ризик за нас како држава и ние сме во постојана соработка со претпријатието коешто го работи ова прашање врз основа на очекувањето. Чекаме нели законот да помине во Собранието и кога ќе помине тој закон ние сме обврзани да ги средиме сите тие жешки точки во нашата држава и да креираме план за рехабилитација на истите, наведе Нуредини.

Би можело да ве интересира

Спасен повреден мотоциклист кој паднал во провалија на Шар Планина

Пронајдена почината 72-годишна жена која планинарела на Шар Планина

Катерина Ѓуровски

Гром уби жена во Превала, на косовската страна на Шар Планина

Катерина Ѓуровски

Уште е активен пожарот на Шар Планина, гори букова шума во Чашка

Жителите да излезат и да ги бранат имотите, пожарот е проширен – повик од Националниот парк „Шар Планина“

ВИДЕО: Локализиран е пожарот на Шар Планина, гори на Баба

Катерина Ѓуровски